Дома Фудбал Останато Врие во Звезда: „Делиите“ во соблекувална им држеле лекции на фудбалерите!

Врие во Звезда: „Делиите“ во соблекувална им држеле лекции на фудбалерите!

Црвена Звезда вчера ремизираше против Бачка Топола, а по овој пораз имало бурна реакција на „Делиите“, пренесуваат српските медиуми.

Звезда одигра 1:1 и по 12 поминати кола црвено-белите заостануваат шест бода зад најголемиот ривал Партизан. Навивачите се посебно бесни што Звезда во оваа сезона влезе како фаворит како ретко кога поради проблемите на црно-белите, но на теренот засега ситуацијата е поинакво.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според информациите на српските медиуми, „Делиите“ вчера се симнале во соблекувалната и им држеле лекции на фудбалерите, додека за тренерот Барак Бахар ова било жолт картон.

Целта на навивачите била да ги предупредат фудбалерите и стручниот штаб дека треба да имаат многу посериозен пристап во следните натпревари.

Исто така Звезда потврди дека се одржал и кризен состанок на управниот одбор, меѓутоа одлуката била да се даде уште една шанса на тренерот Бахар.

„УО на Црвена Звезда одржа итна седница по вчерашниот натпревар и ги анализираше игрите и резултатите во последниот период. Заклучокот е дека евидентно постои криза во играта и во резултатите во последните два месеци, но и убедени сме дека тренерот Бахар и играчите со своајта работа во наредниот период ќе ги надминат овие проблеми и ќе го покажат квалитетот што несомнено го поседуваат“, објави српскиот гигант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…