Дома Топ вести Времињата се менуваат: Ѕвездата на Тотенхем го одби Манчестер Јунајтед

Времињата се менуваат: Ѕвездата на Тотенхем го одби Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед е еден од најголемите клубови во Европа и за сите фудбалери беше престиж да се игра на „Олд Трафорд“, но очигледно времињата се менуваат.

Голема штета е нанесена во клубот во ерата по Фергусон, тимот од „Олд Трафорд“ не е истиот по заминувањето на легендарниот Сер Алекс. Сезона за сезона имаа само лоши резултати, големи промашувања во трансфер пазарот, а сега и нема да бидат меѓу најдобрите европси екипи во следната сезона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јунајтед е меѓу најбогатите клубови во светот, но делува дека понекогаш ниту тоа не е доволно, барем кога станува збор за случајот со Кристиан Ериксен.

Фудбалерот на Тотенхем најави дека сака нов предизвик, Солксјер се распрашуваше за Данецот, но следеше јасен одговор НЕ од самиот играч и тоа од две причини. Според пишувањето на англиските медиуми, Ериксен сака да си оди во друга лига, а најголема причина е неиграњето во Лигата на Шампионите.

Од оваа ситуација би можеле да профитираат „Пелите“, кој според пишувањето на „АС“ би биле спремни да му понудат нов четиригодишен договор вреден шест милиони евра по сезона. Одличниот Данец изгледа дека нема многу избор бидејќи преферира преселба во Реал Мадрид, а „кралевите“ се насочија кон други фудбалери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Леао за 120 милиони во Премиер лигата

Манчестер Сити е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Милан, Рафаел Леао, пренесуваа…