Бразилскиот напаѓач Алесандре Пато моментално игра во Кина, но откри дека наскоро би можел повторно да се врати во Серија А.
Некогашниот „вундеркинд“ на Милан својата афирмација ја доживеа во дресот на „росонерите“, но честите повреди го попречија неговиот развој, па не го покажа својот целосен потенцијал.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Да, вистина е, имам многу понуди од Серија А. Разговарав и со Леонардо околу можното враќање во Милан. Имам уште една година од договорот со Тијанжин, ќе видиме што ќе се случи. Италија е мојот прв избор“, изјави 29-годишниот напаѓач.
Пато е во Кина од јануари 2017 година, каде игра доста солидно и постигна 31 гола на 53 настапи за Тијанжин.
Pato to Corriere dello Sport: “A return to Milan? I spoke with Leonardo few times and obviously we have joked about it. From jokes to reality, I still have a year in my contract here in China, we’ll see what happens.” pic.twitter.com/BBfHLuI3qP
— Milan Eye (@MilanEye) October 16, 2018