Дома Останати Тенис Во 2013 го победи Федерер, а сега тврди: Ми нудеа 100.000 долари да изгубам на Австралија Опен

Во 2013 го победи Федерер, а сега тврди: Ми нудеа 100.000 долари да изгубам на Австралија Опен

Украинскиот тенисер Сергеј Стаковски откри дека пред 11 години му нуделе 100.000 евра да изгуби на Австралија Опен.

Тој тогаш во 2009 година во првото коло играше против Французинот Араунд Клемент и му биле понудени 100.000 долари за намерно да го изгуби мечот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Кога бев на Австралија Опен ми понудија 100.000 евра да изгубам. На крајот иако ја одбив понудата изгубив со 2:1 во сетови. Ако при излегувањето од теренот го видев човекот кој стои зад тоа ќе го удрев со рекет“, објасни Стаковски.

Случајот го пријавил во единицата за тениски интегритет.

„Ме прашаа кој стои зад тоа, а јас им им одговорив со прашање дали би можеле да го заштитат моето семејство. Тие ми одговорија дека не можат ништо да ми гарантираат“.

Инаку, Стаковски најголемата слава ја доживеа кога во 2013 година во 2. Коло од Вимблдон го победи Роџер Федерер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Изјава која не ветува: Дали Надал уште еднаш ќе ги разочара фановите?

Веројатно најдобриот тенисер на сите времиња кога е во прашање играњето на земјена подлога…