Дома Фудбал Останато Во јули го прекина финалето на Мундијалот, а сега е во тешка состојба: Го изгубил видот и е парализиран!?

Во јули го прекина финалето на Мундијалот, а сега е во тешка состојба: Го изгубил видот и е парализиран!?

Руските медиуми пренесуваат дека членот на групата „Пуси Риот“ кој беше еден од неколкумината кој го прекина финалето на Светското првенство е хоспитализиран и се наоѓа во тешка состојба.

„Радио Ехо Москва“ известува дека од средата Пјотр Верзилов се наоѓа на интезивна нега. Медиумите ја цитираат и членката на „Пуси Руиот“, Вероника Никулшина која тврди дека Верзилов прво го изгубил видот, потоа и способноста да зборува, за на крајот да остане и неподвижен.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Никулшина додаде и дека Верзилов се лечел на токсиколошка единица во една болница во Москва.

Верзилов, Никулшина и уште двајца членови на оваа група служеа двонеделна затворска казна поради прекинот на финалето на Мундијалот. Тие втрчаа на теренен и кратко го прекинаа финалниот натпревар помеѓу Франција и Хрватска.

Сомневањата кај пријателите и членовите од групата се дека Верзилов е отруен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Жанг не го вратил долгот: Интер доби нови газди

Екипата на Интер од денес има нов сопственици и тоа ќе биде американскиот инвестициски фон…