Дома Фудбал Италија Во Јувентус не се сите еднакви: Што изјави Пирло кога Роналдо ги прекрши ковид мерките?

Во Јувентус не се сите еднакви: Што изјави Пирло кога Роналдо ги прекрши ковид мерките?

Aндреа Пирло денес потврди дека Винстон Мекени, Артур Мело и Паоло Дибала се казнети затоа што ги прекршиле мерките за заштита од коронавирус кои се на сила во Италија.

Имено, Мекени организирал забаа во својата куќа заедно со Артур и Дибала. Тројцата се казнети со по 400 евра и се суспендирани на одредено време. Тоа значи дека ќе тренираат со тимот, но нема да играат во натпреварите.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Таквата одлука го подели мислењето кај навивачите на Јувентус кои сметаат дека во клубот немаат сите ист стаутс. Посебно се однесува на Ронадло.

Роналдо пред неколку месеци направи сличен пропуст и ги прекрши правилата кога неговата партнерка, Георгина Родригез го славеше 27. роденден. Тие роденденот го прославија во „Вале Д’Aости што не беше дозволено за оние кои доаѓаат од регионот на „Пјермонте“ што беше случај со Роналдо.

Тогаш клубот не го казни Роналдо, а Пирло изјави дека Роналдо имал слободен ден и можел да го искористи како сака.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …