Дома Фудбал Италија Во Јувентус на големо преговараат, одржани два состаноци – кој е сега фаворит за наследник на Алегри?

Во Јувентус на големо преговараат, одржани два состаноци – кој е сега фаворит за наследник на Алегри?

partici

Во последно време многу се пишува за наследникот на Масимилијано Алегри во Јувентус, повеќе тренерски имиња се поврзуваа со клупата на Јувентус.

Пеп Гвардиола во последните денови најмногу се споменуваше, а сега се појавува информација дека Фабио Партичи се сретнал со Сари и Покетино.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


И едниот и другиот му дадоа зелено светло на Јувентус за преговори, но во овој момент можноста да дојде Сари во Торино наводно е поголема. Прво, поради тоа што Сари иако немаше толку лоша сезона во Челзи не успеа да ја убеди управата во своите квалитети. Од друга страна на Даниел Леви не му паѓа на памет да го пушти Покетино. Аргентинецот во својот договор има откупна клазула во износ 30 милиони евра, додека Сари Јувентус би го чинел нешто повеќе од пет милиони евра.

Во раководството на „старата дама“ исто така им се допаѓа тоа што Сари може да изгради суператрактивен тим за гледање. Јувентус е познат како тим кој не го интересира убавината во играта и го интересира само резултатот, сега наводно „старата дама“ сака промена.

Меѓутоа не се сите во Торино убедени дека Сари е вистинскиот избор. Павел Недвед е против, најмногу поради тоа што иако важи за искусен стратег во изминатите години се уште нема освоено некој трофеј во кариерата.

Ќе потсетиме вчера се појави вест дека во Торино е закажана прес конференција за 14-ти јуни, па во наредниот период се очекува работите да бидат појасни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…