Дома Македонски спорт Мак фудбал Во Шкендија претпазливи пред реваншот: Не смееме да се опуштиме!

Во Шкендија претпазливи пред реваншот: Не смееме да се опуштиме!

Екипата на Шкендија утре во Скопје го игра реванш дуелот од првото квалификациско коло за ЛШ против Номе Калју, откако првиот меч во Талин го доби со минимални 1:0.

Тетовци веруваат во пласман во следното коло, но тренерот Османи напомена дека предноста од еден гол не е никаква гаранција.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Не очекува реванш со Номе Калју, а неделава ги анализиравме грешките што ги направивме во првиот меч. Се надеваме дека ќе се најдеме во следната рунда, но резултатот од Талин не е никаква гаранција. Резултатот од првиот меч ни дозволува да тактизираме, но не мора да биде пресуден“, истакна Османи.

„Имаме добар резултат, но не значи дека се е завршено. Има уште 90 минути, па да одиграме најмалку како на првиот меч. Првите мечеви се тешки, со тек на времето ќе имаме подобра форма и утре ќе се поправиме“, изјави капитенот Алими.

Натпреварот Шкендија -Номе Калју се игра утре од 17 часот на Националната арена „Тоше Проевски“ во Скопје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Вардар и Еурофарм Пелистер во Купот на Македонија може да се сретнат само во финалето

Eкипите на Вардар и Пелистер се избегнаа во полуфиналето од Купот на Македонија и ќе може …