Доста прашина се дигна во швајцарската јавност по настапот на репрезентацијата на Швајцарија на СП.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во центарот на вниманието посебно се најде средбата против Србија која Швајцарија ја доби со 2:1 благодарение на головите на Џака и Шакири. Сепак, овој тандем предизвика разни коментари со одлуката погодоците да ги прослават со покажување на албанскиот орел.
Потоа, секретарот на швајцарскиот сојуз, Алекс Мишер изјави дека Швајцарија не смее да произведува играчи од земјите на Балканот, а тука посебено ги истакна Албанија, Косово, БиХ, Хрватска и Србија. Сепак, потоа се огласи и Џака кој порача дека таквите изјави немаат смисла, и дека ги враќаат во камено доба.
Но, она што на многумина им „влезе во око“ е грешката на Фудбалскиот сојуз на Швајцарија кој не знае која националност е Џака. Имено, играчот за врска на Арсенал има само швајцарски пасош и се изјасни како Швајцарец, но ако го прашате швајцарскиот сојуз, тој има пасош и од Косово.
Секако, Џака тоа одма го демантираше и порача дека никогаш немал косовски пасош. Да е точно тоа, овој играч би можел да игра и за оваа селекција, но сакаше да докаже на сојузот дека не знаат основни работи за своите играчи.