Дома Трансфер зона Во Холандија сигурни: Де Лихт се сели во Барселона!

Во Холандија сигурни: Де Лихт се сели во Барселона!

Трансферот на младиот дефанзивец на Ајакс, Матијс де Лихт во Барселона ова лето е сигирен, тврди најеминентниот холандски медиум „Телеграф“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Весникот е добро информиран за случувањата во Ајакс и тврди дека капитенот на клубот од Амстердам ќе се пресели во Барселона на крајот на сезоната.

19-годишниот Де Лихт важи за еден од најперспективните дефанзивци во Европа и за него интерес покажуваат многу европски гиганти. Меѓутоа, весникот тврди дека пресудни за трансферот се добрите односи помеѓу двата клуба.

Цената на трансферот се уште не е откриена, но Ајакс сигурно нема да го пушти фудбалерот за сума помала од 70 милиони евра. Таа сума се спремни да ја платат уште ПСЖ, Баерн и Јувентус, па Барселона ќе мора да ги израмни понудите на другите клубови.

Самиот Де Лихт во неколку наврати истакна дека негова желба е да се пресели на „Камп Ноу“, па на крајот пресудна ќе биде неговата желба.

https://youtu.be/xEW3qCd5TjA

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…