Дома Фудбал Останато Во Холандија е готово – сезоната заврши! Дали Ајакс нема да го гледаме во ЛШ?

Во Холандија е готово – сезоната заврши! Дали Ајакс нема да го гледаме во ЛШ?

Холандскиот премиер Марк Руте денес потврди дека во Холандија фудбалски активности се забрануваат до 1. септември.

И Холанѓаните како и скоро цела Европа (освен Белорусија) води борба со коронавирусот, а целта е да се спречи ширењето на заразата. Во Холандија нема спорт со недели, а судејќи според се нема да го има уште неколку месеци.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На вечерашната прес-конференција Руте на новинарите им соопшти дека помеѓу останатото фудбалот ќе биде суспендиран до 1. септември. Прво забраната важеше до 1. јуни, но таа е продолжена на уште три месеци.

Сега на потег е холандскиот фудбалски сојуз, а ако се гледа според актуелната ситуација Ајакс повторно ќе биде шампион.

Прашањето кое исто така се поставува е – што е со пласманот во Лигата на шампионите и Лигата на Европа? УЕФА претходно испрати предупредување дека федерациите кои ќе ги прекинат шампионатите најверојатно нема да имаат претставници во Европа, но во Холандија фудбалската федерација по одлуката на властите нема избор бидејќи никако не е можно сезоната да продолжи толку доцна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

На познат словенечки фудбалер му се заканува затворска казна од пет години

На познатиот словенечки фудбалер Тим Матавж (35) му се заканува петгодишна затворска казна…