Дома Фудбал Англија Во „Фантаси Фудбал“ „променети“ правилата поради Кепа (ВИДЕО)

Во „Фантаси Фудбал“ „променети“ правилата поради Кепа (ВИДЕО)

Љубителите на фудбалот во елемент.

Јавноста на Островот не престанува да испраќа реакции за случајот „Кепа“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот чувар на мрежата одби да излезе од игра во вчерашното финале од Лига Купот иако Маурицио Сари сакаше Кабаљеро да биде тој кој ќе брани во пенал серијата.

Сега стигнаа и реакции од актерите на тоа случување, така досетливите љубители на фудбалот направија и еден „трол“ со „Фантаси Фудбалот“.
Така сега е воведена нова опција на „Фантаси“ доколку сакате да го замените Кепа.

„Што правиш? Не можеше да ме замениш стои во објаснувањето“.

Ќе потсетиме Сари и Кепа после натпреварот имаа изјави со слично објаснување, но ретко кој верува во неговото објаснување.

„Како прво би сакал да кажам дека жалам за начинот на кој натпреварот се заврши. Не ми беше намера да одбијам било каква одлука на теренот. Мислам дека во прашање беше недоразбирање. Тренерот мислеше дека не сум во состојба да го продолжам натпреварот, а мојата намера беше да му објаснам дека сум во состојба да помогнам да на тимот. Недоразбирањето траеше додека докторите кои ми помогнаа не отидоа до клупата тоа да му го пренесат на нашиот тренер. Имам голема почит кон Сари и неговиот авторитет“, стои во соопштението на Кепа на социјалните мрежи“, стоеше во сопштението кое го објави Кепа.

„Мислев дека Кепа не е спремен за пенали. Сакав Кабаљеро да влезе на терен бидејќи се плашев дека Кепа ќе има грчеви. Но, докторот ми објасни дека не се работи за грчеви.Морам да разговарам со него и тој мора да разбере дека поради ваквите сцени ќе имаме проблем во медиумите. Беше тоа големо недоразбирање. Кепа беше во право, но на погрешен начин тоа го покажа“, изјави Сари после натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…