Дома Македонски спорт Мак фудбал Во Тиквеш збеснаа поради спорниот пенал, а комисијата тврди: Оштетен е Гостивар, пеналот е регуларен!

Во Тиквеш збеснаа поради спорниот пенал, а комисијата тврди: Оштетен е Гостивар, пеналот е регуларен!

Бурни реакции во Кавадарци предизвика натпреварот помеѓу Тиквеш и Гостивар кој се играше за викендот.

Тиквеш на оваа средба остана со два играчи помалку, но на крајот сепак успеа да стигне до гол во финишот за бод (2:2). Посебно во домашниот тим беа бесни за пеналот кој беше досуден за Гостиварци.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


СПОРНИОТ ПЕНАЛ

Иако е во најмала рака сомнителна одлуката, судиската комисија на ФФМ која ги анализира натпреварите денес тврди дека во оваа ситуација главниот судија, Александар Грујовски не погрешил што покажал на белата точка.

„Додадена топка во 16-сетникот на домашната екипа странично од голот, топката не беше во ничив посед и на неа тргнаа два противнички играчи, прв до топката стигна играчот на гостинската екипа, ја удри и потоа играчот на домашната екипа невнимателен недозволен старт (на нога и тело) над противничкиот играч.

Исправна  одлука на главниот судија, досуден пенал за гостинската екипа, поради недозволен старт (со нога и тело) на играч на домашната екипа над противнички играч“, стои во објаснувањето за оваа одлука,

Од оваа средба биле анализирани уште неколку ситуации, но комисијата смета дека погрешна е само одлуката да не се досуди офсајд при голот на Тиквеш за 2:2 во завршницата.

„Играч на домашната екипа упати удар кон голот на гостинската екипа, голманот на гостите кратко ја одби топката која дојде до друг играч на домашната екипа кој упати удар и постигна гол.

Погрешна одлука на вториот помошен судија што го призна голот, во оваа ситуација асистентот требаше да сигнализира офсајд позиција, бидејки играчот што го постигна голот, во моментот кога голманот на гостите ја одби топката до него се наоѓаше во недозволена позиција (позади предпоследниот играч од одбраната на гостите)“, стои во анализата.

Анализата за целото коло можете да ја прочитате – ТУКА.

Фото: ГФК ТИКВЕШ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Победи на Белградскиот маратон, за малку ќе поставеше и рекорд – па се сруши на патеката!

Кениецот Гилберт Кимплетинг Чумба победи на Белградскиот маратон кој се одржа денес со вре…