Дома Фудбал Во текот на целиот циркуз најголемата глупост ја направи Рамос: Капитенот на Реал ќе биде суспендиран

Во текот на целиот циркуз најголемата глупост ја направи Рамос: Капитенот на Реал ќе биде суспендиран

Невидена глупост пред крајот на натпреварот меѓу Реал и Јувентус направи капитенот на Кралевите Серхио Рамос.

Тој беше суспендиран за овој натпревар поради жолти картони, а натпреварот во текот на првиот дел го следеше од трибините. Сепак, кога виде дека натпреварот не оди во добра насока, одлучи да слезе на теренот што беше огромна грешка.

Камерите го снимаа Рамос во текот на последните минути од натпреварот, а тој се наоѓаше веднаш покрај тунелот и им довикуваше на своите соиграчи што да направат. Бидејќи тоа не смееше да го направи, капитенот на Реал го чека суспензија и би требало да го пропушти првиот натпревар во полуфиналето, пренесуваат шпанските медиуми.

Оваа глупост може скапо да го чини неговиот тим, а колку е тој значаен за одбраната најдобро се покажа на синоќешниот натпревар во кој последната линија на Реал беше катастрофална.

Во наредните денови се очекува Рамос и официјално да биде суспендиран за првиот натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Овоно доби 12 меча суспензија по кобниот судир со Де Мигел

Голманот на Андора ја доби максималната дисциплинска казна по стартот врз напаѓачот на Тен…