Добри пријатели се, ќе играат заедно во Русија, но нема дилеми како би реагирал…
Касемиро и Даглас Коста оваа недела ќе бидат на иста страна, двајцата Бразилци ќе бидат во тимот за натпреварите против Русија и Германија.
Патот на Македонија до СП 2026!? Никогаш не било полесно! ↓↓↓
Тие се добри пријатели и соиграчи од репрезентацијата, но Касемиро не би имал милост во дуелот во ¼ финалето од Лигата на шампионите каде што ќе се сретнат Јувентус и Реал Мадрид.
Еве што ги интересираше новинарите.
„Пример: Се игра 85 минута, Даглас Коста оди кон голот, вие сте последен во одбраната. Дали ќе размислувате за Мундијалот и дека треба да игра со вас за Бразил“, беше прашањето од новинарите до Касемиро.
„Не би размислувал ниту моменти, би го преполовил“, изјави играчот од средината на теренот на Реал и стави јасно до знаење дека симпатиите и дружбата ја остава надвор од теренот кога во прашање е клубот.