Дома Фудбал Во ремито против Џенова, Роналдо сруши нов рекорд (ВИДЕО)

Во ремито против Џенова, Роналдо сруши нов рекорд (ВИДЕО)

Кристиано Роналдо во денешниот натпревар во кој Јувентус одигра реми (1:1) со Џенова постави нов рекорд.

Роналдо одигра добар натпревар против Џенова, а после неколку пропуштени прилики го доведе Јувентус во водство во 18-тата минута.

Со овој гол Роналдо стана првиот играч во историјата кој постигнал 400 погодоци во најсилните пет првенства.

Португалецот носејќи го дресот на Манчестер Јунајтед постигна 84 погодоци во Премиер лигата, за Реал Мадрид постигна 311 во Ла Лига, а денешниот гол му беше петти за Јувентус со што стигна до бројката од 400 погодоци.

До оваа бројка Роналдо стигна пред својот ривал Лионел Меси кој во Ла Лига во дресот на Барселна постигна 389 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шести гол во кариерата, а веќе ремек-дело: Фајад погоди со ножички за Хајдук!

Калил Фајад блесна со акробатски погодок и асистенција во ремито на Хајдук против Истра, п…