Дома Фудбал Во Реал и четврти потпис: На ред дојде Валверде

Во Реал и четврти потпис: На ред дојде Валверде

Во Реал Мадрид во овој период работат на продолжување на договорите, а по Винисиус, Родриго и Камвинга потпис стави и Феде Валверде.

Договорот кој го потпиша одличниот Уругваец е со важност до 2029 година.

„Реал Мадрид и Феде Валверде постигнаа согласност за продолжување на договорот на фудбалерот кој ќе остане во клубот до 30 јуни 2029 година“, објавија „кралевите“.

Валверде во Реал Мадрид пристигна во јули 2016 година на само 18 години. Во изминатите сезони се промовираше како еден од клучните играчи во тимот на Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ристовски со четири гола ја предводеше победата на Илинден од 14:1

Илинден го совлада Марино со 14:1, а тројца фудбалери постигнаа вкупно десет гола. Тимот н…