Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Лукас Ернандез заработува околу 19 милиони годишно, но се чини дека тоа не е доволно за да им помогне на поранешната сопруга и децата.
Лукас има две деца со Амелија Љоренте, а вниманието на пошироката јавност го привлекоа во април 2023 година кога поранешната сопруга на францускиот репрезентативец јавно го обвини за неверство.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
По нивната разделба, таа му испрати порака на Ернандез на социјалните мрежи.
“Можеш да престанеш да играш на две страни, Лукас. Кристина, ти го препуштам. Само не заборавај дека имаш две деца кои воопшто не доаѓаш да ги видиш”, му порача тогаш Амелија на Хернандез.
Една година по разделбата, Амелија јавно го обвини фудбалерот дека не ги платил сметките за струја и дека поради тоа неговите деца вечераат во темница.