Дома Фудбал Англија Во пресрет на дербито на Манчестер: Како Невил го „искулира“ Шмајхел (ВИДЕО)

Во пресрет на дербито на Манчестер: Како Невил го „искулира“ Шмајхел (ВИДЕО)

Утре се игра новото дерби на Манчестер, на „Етихад“ силите ќе ги одмерат Сити и Јунајтед.

Некогаш Јунајтед беше огромен фаворит и без проблеми го победуваше својот градски ривал, но во последните години работите се сменија. Манчестер Сити под водство на богатите Арапи стана фаворит во меѓусебните дуели.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


За Јунајтед најголемо дерби е она со Ливерпул и тоа е натпревар со посебно значење, потоа следуваат натпреварите со Арсенал и Челзи, но во последните години „црвените ѓаволи“ имаат посебен мотив во натпреварите со богатите соседи.

Медиумите во Англија пред утрешното дерби потсетија на една ситуација пред едно вакво дерби. Во таа ситуација во главна улога беа Гери Невил и Петар Шмајехел.

Шмајхел од 1991 до 1999 година бранеше за Јунајтед, беше дел од најтрофејната генерација на Јунајтед, но подоцна преку Спортинг и Астон Вила стигна до Сити каде што бранеше една сезона. Таквиот потег Невил го осуди и пред еден нивни натпревар во тунелот не сакаше да се поздрави со поранешниот соиграч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Алегри сака да се врати во Милан

Масимилиано Алегри на крајот на сезоната најверојатно ќе го напушти Јувентус бидејќи раков…