Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 2. коло на ПРВА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:
На натпреварот ФК Македонија Ѓ.П- ФК Брегалница одигран на 13.08.2023 година, анализирани се ситуациите од 85 и 90+9 минута.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Главен судија: Игор Стојчевски. Помошни судии: Климент Ристоски и Разме Бакрачески.
85 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Доделен втор жолт-ЦРВЕН картон за играч на гостинската екипа)
Играта беше во прекин, играч од екипата на гостите незадоволен од судиска одлука почна да приговара,
Правилна одлука на главниот судија, доделен жолт картон за играчот на гостите поради неспортски однос (приговор кон судија), бидејки тоа беше втор жолт картон за играчот, автоматски му беше доделен ЦРВЕН картон.
90+9 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Доделен втор жолт-ЦРВЕН картон за играч на домашната екипа)
Играч од екипата на гостите беше во посед на топка неколку метри во полето на домаќините, играч од екипата на домаќините направи недозволен старт (од позади грб) над играчот на гостите спречувајки ја акцијата.
Исправна одлука на главниот судија, играта беше прекината, досуден слободен удар за гостите и доделен жолт картон за играчот на домаќините поради недозволен старт (од позади грб), бидејки тоа беше втор жолт картон за играчот на домаќините, автоматски му беше доделен ЦРВЕН картон.
На натпреварот ФК Гостивар-ФК Тиквеш одигран на 13.08.2023 година, анализирана е ситуацијата од 72 минута.
Главен судија: Марјан Младеновски. Помошни судии: Дејан Димитријевиќ и Александар Недевски.
72 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( За недосуден пенал за домашната екипа)
Играч од екипата на домаќините беше во посед на топката странично во шеснаесетникот на гостите, истиот ја центрираше топката која дојде до втората статива од голот на гостите, таму имаше два противнички играчи и пред играчот од домаќините да ја удри топката со глава дојде до минимален контакт (ставена рака од противнички играч на рамото на играчот) и истиот, тој контакт го искористи да падне сакајки да изнуди пенал.
Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејки контактот што играчот на гостите го направи над играчот на домаќините беше минимален и недоволен за пенал.
На натпреварот ФК Силекс– ФК Работнички одигран на 13.08.2023 година, анализирани се ситуациите од 4 и 48 минута.
Главен судија: Димитар Пилешков. Помошни судии: Дејан Костадинов и Мартин Петковски.
4 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден пенал за домашната екипа)
Играч од екипата на домаќините упати удар кон голот на гостите, голманот кратко ја одби топката која дојде до играч од екипата на домаќините и пред играч на домаќините да ја шутне топката кон голот (играчот се наоѓаше во просторот од 5,5 метри) играч од екипата на гостите направи недозволен старт (од позади грб) на ногата на противникот, спречувајки го да шутира кон голот.
Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за екипата на домаќините и доделен жолт картон за играчот на гостите, поради недозволен старт (од позади грб) на ногата на противникот .
48 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (Сигнализирано удар од гол за гостинската екипа)
Играч од екипата на домаќините ја имаше топката во свој посед странично од голот на гостите, во моментот кога ја центрираше топката кон соиграч, топката со целиот свој обем (воздушно) беше надвор од попречната линија, топката стигна до неговиот соиграч кој постигна гол.
Исправна одлука на вториот помошен судија, голот е поништен, бидејки во моментот кога играчот на домаќините ја центрираше топката, таа со целиот свој обем (воздушно) ја помина попречната линија.
На останатите натпревари од ПРВА МФЛ , немаше спорни ситуации за судиска анализа.
На натпреварот ФК.Беласица-ФК.Пелистер одигран на 12.08.2023 година, анализирани се ситуациите од 27 и 37 минута.
Главен судија: Стојан Трпчевски. Помошни судии: Драган Трпчевски и Душко Панов.
27 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (Поништен гол за домашната екипа, поради офсајд позиција)