Дома Фудбал Англија Во Олдам шокирани: Не можам да поверувам што ни направи Сколс, можеше барем отворено да каже

Во Олдам шокирани: Не можам да поверувам што ни направи Сколс, можеше барем отворено да каже

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс изненади многумина кога во четвртокот одлучи да го напушти тимот на Олдам.

За Сколс тренерската работа во Олдам беше прва посериозна во новата кариера, но не се задржа долго. Сколс на клупата помина само 31 ден и челниците на Олдам биле шокирани кога поранешниот играч на Манчестер Јунајтед им соопштил дека го напушта тимот.


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Претседателот на овој тим Абдалах Лемсагам изјави дека е разочаран од начинот на кој Сколс го напуштил Олдам бидејќи тоа го направил преку порака на „Ватс Ап“.

„Раозчаран сум од одлуката Сколс да си поднесе оставка и изненаден сум поради причините кои ги изнесе во својата изјава“, изјави претседателот на Олдам.

Но, вистинските причини дури сега „испливаа на површина“, а тоа дополнително го налултило претседателот на Олдам. Веднаш откако беше соопштено дека Сколс не е тренер на Олдам се појави веста дека ќе се врати во Манчестер Јунајтед.

Оле Гунар Солскјер отворено му понуди да биде дел од неговиот стручен штаб и сите очекуваат тоа да се случи. Оваа вест со големо изненадување е дочекана во Олдам.

„Не можам да верувам што ни направи после се. Измисли некои причини за заминување, а можеше отворено да каже што се спрема. Беше тука само еден месец и побегна кога му се отвори некоја подобра шанса“, гласеше новата изјава на Лемсагам.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Секс скандал со фудбалерка – тренерот на Лестер доби отказ

Менаџерот на женскиот фудбалски клуб Лестер сити, Вили Кирк (45) е отпуштен откако со внат…