Дома Фудбал Останато Во Норвешка во еден викенд се постигнаа два гола кои може да конкурираат за наградата „Пушкаш“ (ВИДЕО)

Во Норвешка во еден викенд се постигнаа два гола кои може да конкурираат за наградата „Пушкаш“ (ВИДЕО)

Голови какви што не се гледаат често на фудбалските терени.

Фудбалското првенство во Норвешка, како и во другите скандинавски земји само што започна, а причината за тоа се временските услови кои владеат во тој дел на Европа во текот на годината.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Така за викендот во рамките од норвешката Елтрасериен лига одиграно беше 3-тото коло во кое на два натпревари видовме навистина два маестрални погодоци.
Екипата на Валеренга успеа да го совлада Тромосо со убедливи 4:1, а еден од најубавите голови беше виден на тој натпревар. Стрелец за водство од 3:0 беше играчот, Чидер Ејук.

Ејук претрча цели 60 метри, измами двајца одбранбени играчи, но и голманот после што ја прогоди противничката мрежа.

Уживајте во неговиот потег:

Вториот за многумина и поубав го постигна 19 годишниот Ола Брајхлдсен.

Овој 19 годишен играч за врска важи за еден од најталентираните во Европа на своја возраст. Тој постигна еден од трите гола во победата на својот Стабаек против Розенборг од 3:1

После три одиграни кола водечки екипи во норвешкото првенство се Викинд и Бодо кои собраа по максимални девет бодови, зад нив следуваат Молд и Одд со по седум освоени бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Германците ги избраа најдобрите во годината!

Фудбалерот на Бајерн Џамал Мусиала ја доби наградата за најдобар играч на годината во сост…