„Росонерите“ ќе се обидат да го спасат она што може да се спаси, а колку пари можат да вратат.
Ако не успеат во намерата да се ослободат од двајца фудбалери кои се покажаа како целосни промашување во Милано на лето можеби би морале да се ослободат од некои од поважните фудбалери.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Планот на клубот, според „Газета Дело Спорт“ е да ги испратат на позајмица со обврска за откуп двете најголеми промашувања, Андре Силва и Чалханоглу.
Португалецот беше платен огромни 40 милиони евра, неговиот агент Мендеш веќе беше во Милан, се споменува позајмица во јануари за фудбалерот да го сочува местото во репрезентацијата, но Милан сака таа позајмица да биде со обврска за откуп.
Кој ќе ризикува?
Се споменуваат Монако и Валенсија, клубови во кои Мендеш има свои играчи, но и заминување во Премиер лигата.
Кога е Чалханоглу во прашање тој има понуда од Турција, но тешко дека Милан ќе успее да ги врати вложените 25 милиони евра.
За овој тандемо „росонерите“ минатото лето платија 65 милиони евра, а сега се одлучени да добијат барем 50…