После три месеци пауза оваа недела конечно продолжува и првенството во шпанската Ла Лига.
Управата на Ла Лига одлучи сезоната да продолжи сезоната и во четврток во рамките од 28. коло продолжувањето ќе биде отворено со натпреварот помеѓу Севиља и Бетис.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во Шпанија ситуацијата со коронавирусоот беше критична, но сепак оваа држава успеа да се врати во нормала. Враќањето на фудбалот сигурно е најдобар показател дека работите одат на пообро, а најновата најава на шпанските медиуми ја воодушеви јавноста.
Имено, „Мундо Депортиво“ објасни дека челниците на Ла Лига имаат план веќе наредниот месец да ги вратат навивачите на тирбините. Тие испратиле предлог на почетокот на јули на натпреварите да се дозволи одреден број навивачи.
Наводно, одлуката веројатно ќе биде одобрана, а за кој број навивачи ќе станува збор се уште се работи на тоа. Сигурно дека вакви работи може да радуваат, затоа што подобро е било колку навивачи на трибините отколку празни трибини.