Чилеанецот Артуро Видал не е во плановите на Симоне Инзаги за наредната сезона во која Интер ќе ја брани титулата.
Поради тоа како што пренесува „Газета дело Спорт“ во Интер сакаат да го раскинат неговиот договор и така да се ослободат од неговата плата од 6.5 милиони евра.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Видал во Интер дојде како голема желба на Антонио Конте, тој пристигна во Барселона за еден милион евра. Меѓутоа откако Конте си замина за Видал нема место.
Наводно, интерес за Видал покажале Бока Јуниорс, Фламенго и Клуб Америка.
Видал во професионалната кариера играше за Коло-Коло, Леверкузен, Јувентус, Баерн Минхен и Барселона. За репрезентацијата на Чиле одигра 124 натпревари и постигна 32 гола. Со националната селекција на Чиле ја освои Копа Америка во 2015 година.