Дома Останати Во древната Олимпија запален олимпискиот факел за Зимските олимписки 2018

Во древната Олимпија запален олимпискиот факел за Зимските олимписки 2018

Во вторникот, на родната почва од Олимписките игри, во славната античка Олимпија беше запален олимпискиот факел со кој на 9 февруари 2018 година официјално ќе бидат отворени Зимските олимписки игри во Пјонгјанг, Јужна Кореја.

Факелот е запален со пламенот од пробата што беше одржана во понеделникот затоа што денес било невозможно да се запали со помош на конкавен рефлектор бидејќи над древната Олимпија немало сонце.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


На кратката церемонија во Олимпија присуствуваше и премиерот на Јужна Кореја, Ли Нак Јеон, додека поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Парк Ји Сунг, беше првиот спортист од оваа земја што го понесе факелот.

Факелот на Парк Ји Сунг му го предаде грчкиот нордиец Апостолис Агелис, кој со факелот прв истрча од древниот стадион.

Олимпискиот факел во Јужна Кореја ќе пристигне на 1 ноември.

Зимските олимписки игри во Пјонгчанг ќе започнат на 9 февруари, ќе завршат на 25 истиот месец, а спортистите ќе се натпреваруваат во седум спортови, 15 дисциплини, односно во 102 натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

МЗТ: Не сме маалски клуб, нема да дозволиме да се шират лаги и невистини!

Екипата на МЗТ Скопје поминува низ еден тежок период, а клубот сега се огласи со соопштени…