Вардар на гостувањето во Загреб го претрпе седмиот пораз во Лигата на шампиони оваа сезона (23:22).
Загреб добро го отвори мечот и поведе со 2:0, а таа предност ја одржуваше до 15-та минута. Потоа Вардар направи серија и поведе, но домаќините брзо вратија, па на полувреме се замина со резултат 14:12.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во второто полувреме Вардар го сврте повторно резултатот и дојде до водство од 21-18. Но Загреб подобро се снајде во финишот и на крајот успеа да дојде до победата од 23-22.
Дибиров и Тото беа најпрецизни со по четири постигнати голови кај Вардар, додека во редовите на Загреб најдобри беа Чупиќ со пет и Мандиќ со четири гола.