Дома Фудбал Италија Во домот на Занети се гледа Интер, а тој на децата им раскажува за „магијата“ на Пандев (ВИДЕО)

Во домот на Занети се гледа Интер, а тој на децата им раскажува за „магијата“ на Пандев (ВИДЕО)

Хавиер Занети во фудбалот ќе остане запаметен како голема легенда подготвен секогаш да се жртвува за неговиот Интер.

Како и најголем дел од светот Занети овие денови ги минува во изолација со неговото семејство. Занети со своето семејство дома се потсетува и  гледа некои од најдобрите натпревари од сезоната 2009/2010 кога Интер освои тројна круна.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во тој тим на Интер член беше и нашиот Горан Пандев.

Занети во изјавата опишувајќи што прави дома го спомена и нашиот капитен.

„Со моите деца го гледавме дербито со Милан. Во тој натпревар победивме со 2:0. Јас на моите деца им раскажував вниманателно: Гледајте што ќе направи Милито, а сега внимавајте на мајсторијата на Пандев…Следуваше прегратка и прослава. Сакам да ги научам моите деца на историјата на клубот“, раскажа Занети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…