Дома Фудбал Останато Во вечерта на Лигата на шампионите Ди Марија постигна голчиште од слободен удар (ВИДЕО)

Во вечерта на Лигата на шампионите Ди Марија постигна голчиште од слободен удар (ВИДЕО)

Пари Сен Жермен вчера играше заостанат натпревар од Лига 1 против Монпелје.

Домаќинот однесе убедлива победа од 5:1, а потегот на натпреварот го имаше Анхел Ди Марија.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Јасно вчера поголемото внимание на фудбалската јавност беше насочено кон Лигата на шампионите каде што силите ги одмерија Шалке – Манчестер Сити (2:3) и Атлетико Мадрид – Јувентус (2:0).

Меѓутоа и во Париз имаше што да се види. Во убедливата победа на „светците“ Анхел Ди Марија во последните секунди од првото полувреме постигна фантастичен гол од слободен удар.

Од 30-тина метри Ди Марија испрати супер прецизен удар, а тоа што топката удри во пречката придонесе само погодокот да изгледа уште поубаво.

Голманот на гостите се испружи колку што е долг меѓутоа не успеа да го спречи ова ремек-дело на Аргентинецот. Останатите погодоци за Пари Сен Жермен ги постигнаа Курзава, Нкунку, Мбапе, додека Хилтон ја погоди сопствената мрежа. Молиет се погрижи за почесниот погодок на гостинскиот тим.

https://www.youtube.com/watch?v=a7GbKn1yIRU

Во Франција вчера се одигра и уште еден заостанат натпревар помеѓу Бордо и Гуингамп кој заврши со најнепопуларниот резултат без погодоци (0:0).

Иначе и во Лигата на шампионите видовме вистинска мајсторија од слободен удар во режија на Лерој Сане (тука) во натпреварот кој Манчестер Сити го доби со 2:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Историја: Светот го доби најмладиот светски шампион во шах – има само 18 години!

Домараџу Ѓукеш е светски шампион во шах. Тинeјџерот од Индија, кој оваа година стана полно…