Дома Македонски спорт Мак ракомет Во Вардар доаѓа еден од најважните играчи на репрезентација која беше хит на последното ЕП!

Во Вардар доаѓа еден од најважните играчи на репрезентација која беше хит на последното ЕП!

Вардар полека го гради тимот за наредната сезона, откако беа потврдени останувањата на неколку важни ракометари, денес пристигнува и информација за засилување од Португалија.

Имено, Мигел Мартинс Соареш ќе биде новиот организатор на играта на Вардар.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 Соареш е 22 годишен талентиран среден бек, висок 192 сантиметри и има 22 години. До оваа сезона играше за Порто со кој и гостуваше во Скопје во рамките од Лигата на шампионите.

За Порто постигна 43 гола и беше трет стрелец во тимот, а потенцијалнот кој го има го демонстрираше и на Европското првенство во Австрија, Шведска и Норвешка. Португалија на ова ЕП беше големо изненадување и го освои шестото место, а Соареш постигна 19 гола и подели 25 асистенции.

Ќе потсетиме, вчера пристигна и информацијата за доаѓањето на францускиот голман Робин Кантеграл (неговите квалитети погледнете ги тука).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Познати сите парови за плеј-офот во НБА

Кошаркарите на Мајами Хит се пласираа во плеј-офот на НБА, откако во плеј-инот го совладаа…