Дома Фудбал Останато Во Барселона плачеле кога Де Јонг потпишал договор

Во Барселона плачеле кога Де Јонг потпишал договор

Минатото зимо Барселона го обезбеди потписот на Френки Де Јонг. Барселона за Холанѓанецот плати сума од 75 милиони евра.

Барселона имаше конкуренција од ПСЖ и Манчестер Сити и на крајот успеа да ги победи конкурентите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Колку на Барса и значело што успеале да го доведат Де Јонг откри еден од агентите кој учествувал во трансферот, Хасан Џентикаја. Џентикаја за медиумите откри дека директорот на Барселона, Пеп Сегура дури и заплакал кога Де Јонг ставил потпис.

„Управата притискаше да се потпише договорот, тие сакаат да се обезбедат бидејќи имаа конкуренција. Генералниот директор Пеп Сегура заплака кога документите беа потпишани. Кога јас го видов тоа, не можев да не пуштам солза, а навистина е реткост јас да заплачам. Следуваа прегратки, шампањско…На крајот заедно со Али Дурсун, Френки и целото негово семејство вечеравме во еден елегантен ресторан на планините во Барселона. Го пиевме најдоброто вино во Шпанија, јадевме вкусен стек и сите беа среќни и задоволни“, откри Џентикаја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…