Eрик Дајер (30) оваа година пристигна на позајмица од Тотенхем во Баерн. На германскиот шампион му беше потребен квалитетен дефанзивец кој знае да ја исконтролира играта и кој би ги проширил одбранбените позиции.
Досега Дајер собра пет настапи во Бундеслигата и одигра 319 минути, меѓутоа како што стојат работите германскиот гигант нема да го откупи неговиот договор на крајот од сезоната.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Имено, Баерн во низата тестирање утврдил дека Дајер не поседува доволна брзина за играње во Бундеслигата. Во Минхен сега е „отпишан“, па на лето ќе биде слободен играч бидејќи му истекува договорот со Тотенхем.
Дајер наводно потфрлил и на физичките тестови во Баерн, „Билд“ најавува дека до крајот на сезоната нема да добие прилика да се докаже покрај Дајот Упамекано, Де Лихт и Ким.