Дома Трансфер зона Во Аргентина го најавуваат како „новиот Меси“, Гвардиола е фаворит да го доведе

Во Аргентина го најавуваат како „новиот Меси“, Гвардиола е фаворит да го доведе

Според пишувањето на англиски „Сан“, Манчестер Сити е многу блиску до доведување на Тиаго Алмада, 17 годишниот Аргентинец на кого медиумите во неговата земја му дадоа епитет „новиот Меси“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Алмада во петок полни 18 години и има стандарден првотимски статус во Велез, тим кој се наоѓа на шестата позиција во аргентинското првенство. Колку Пеп Гвардиола сака да го види во своите редови најдобро зборува податокот дека за него се спремни да издвојат околу 23 милиони евра.

Една од работите кои може да му направи проблем на Сити при овој трансфер е можната забарана за трансфери од страна на ФИФА, во тој случај Алмада би можел некое време да игра партнерскиот клуб на Сити, шпанска Гирона.

Овој 17 годишник во овој момент го носи епитетот најголем аргентински талент, а го нарекуваат и „новиот Меси“ бидејќи со неговиот стил на игра потсетува на ѕвездата на Барселона.

Ќе потсетиме, Гвардиола најголемите успеси ги оствари кога ја водеше Барселона во која заедно со Меси освои се што можеше да се освои. После заминувањето од каталонскиот клуб, Гвардиола не успеа да игра ниту финале во најелитното европско натпреварување, а неговите критичари ќе кажат дека тоа така затоа што го нема Меси во тимот.

https://www.youtube.com/watch?v=eaMfTpQK8F0

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…