Три клуба покажаа интерес за талентираниот напаѓач.
Фудбалерот на Сандерленд, Џоел Асоро, се најде на радарот на Пари Сен Жермен, Арсенал и Вотфорд.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Овој 18 годишен напаѓач постигна гол минатиот викенд за „црните мачки“ во ремите со Миделсброу (3:3), а од неодамна го следат „светците“ и „топчиите“.
Последен кој се вклучил во трката за овој фудбалер е и Вотфорд. „Стршлените“ се заинтересирани за младиот репрезентативец на Шведска кој оваа сезона запиша 17 настапи во Чемпиошип, а на седум натпревари влезе од клупата за резерви.
Асоро вниманието на големите клубови го привлече уште како младинец кога во тимот на ИФК Ханинген покажа голем потенцијал.
Во дресот на репрезентацијата на Шведска до 17 години постигна 14 голови на 21 настап, додека за селекцијата до 21 година постигна еден погодок на седум настапи.
Јасно е, по интересот на Арсенал и ПСЖ тешко дека Вотофорд има некакви шанси да го доведе во своите редови.