Репрезентативецот на Македонија Ѓоко Зајков кој е член на украинска Ворскла има право во вонредниот преоден рок кој го воведе ФИФА си замине од клубот.
Интерес за Зајков сега покажала екипата Кишварда. Раководството на клубот сака да го откупи договорот на Зајков, меѓутоа за тоа треба потврда и од украинскиот клуб. Ако не се случи тоа тогаш Зајков би можел да оди во овој клуб само на позајмица до крајот на сезоната.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Интерес за македонскиот фудбалер има од повеќе екипи од странство, но и од Македонија. Останува да видиме каква ќе биде одлуката на Зајков, а каде и да продолжи многу веројатно тоа ќе биде на позајмица.