Дома Трансфер зона Волчицата не се откажува, пристигнува засилување од Челзи!?

Волчицата не се откажува, пристигнува засилување од Челзи!?

roma fans

Рома наводно се распрашувала во текот на оваа недела за достапноста на Дејан Ловрен и Алексис Санчез, но сега на мета е и Лондон.

Клубот од „вечниот град“ се наоѓа пред продажба на Един Џеко, Босанецот воодушеви на подготовките и ако си замине тоа ќе биде голем удар за Рома. Џанлука ди Марицио пишува дека и доколку Џеко остане, Рома ќе се обиде да го доведе Батшуаи од Челзи.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Белгијанецот минатата сезона ја помина на позајмица во Валенсија, а потоа и во Кристал Палас за кого одигра единаесет натпревари и постигна пет гола. Делува дека ниту оваа сезона нема да добие прилика на „Стемфорд Бриџ“. Во првото коло од Премиер лигата со Манчестер Јунајтед предност добија Абрахам и Жиру.

Рома би му понудила „италијанска работа“, позајмица со право на откуп на крајот од сезоната. Ќе видиме дали таа понуда ќе биде задоволителна за „Сините“ кои пред три години вложија дури 39 милиони евра за купување на споменатиот играч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер се засилува со ѕвездата на Интер бесплатно

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…