Дома Трансфер зона „Волчицата“ ИЗНЕНАДУВА, тргнува по фудбалерот на Јувентус!

„Волчицата“ ИЗНЕНАДУВА, тргнува по фудбалерот на Јувентус!

Фудбалерот кој во Јувентус веројатно е „вишок“ после пристигнувањето на Даглас Коста и Федерико Бернардески би можел да заврши во еден од ривалите на клубот од Торино.

Станува збор за Колумбиецот, Хуан Квардадо, кој тешко дека во наредната сезона би добивал поголема минутажа во Торино.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Покрај тоа, Квардадо во клучниот дел од сезоната не беше во најдобра форма и иако Масимилијано Алегри тврди дека тој е важен дел од тимот, сигурно дека во случај на адекватна понуда би можел да замине.

Интерес за Квардадо до овој момент покажаа три големи клуба, два италијански и еден англиски, Интер, Милан и Арсенал, сепак конкретни понуди сеуште нема

Но, сега во трката влегува и Рома, Јувентус веројатно нема да се откаже од услугите на Квардадо за помалку од 30 милиони евра.

Марез веројатно е минато, Лестер бара преголема сума за услугите на Алжирецот, додека кога во прашање е Квардаро, Рома на Јувентус би можела да му понуди договор во кој ќе биде вклучен и Костас Манолас со кого италијанскиот клуб наводно веќе ги договорил личните услови.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…