Дома Фудбал Вознемирувачки сцени: Еден навивач запален, друг застрелан во хулиганска пресметка во Бразил 🎥

Вознемирувачки сцени: Еден навивач запален, друг застрелан во хулиганска пресметка во Бразил 🎥

Вистински ужас се случувал на улиците во Куртиба при судирот на навивачките групи на Палмеирас и Крузеиро.

Судирот се случил кога навивачите се враќале од натпреварот и во тие моменти биле нападнати од ултрасите на Палмеирас. Автобусот во кој се возеле бил нападнат со огномети, факели и петарди, а во пожарот загинал еден од фановите.

Животот го загубил и друг навивач откако бил застрелан на улиците каде што пресметката продолжила. На социјалните мрежи објавено и видео од хаотичните сцени.

Медиумите потсетуваат и дека двете групи имале сличен крвав инцидент во 2022 година кога животот го загубиле четири лица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдињо повторно во копачки на 46 години: Го чека место во првиот тим на Равена!

Бразилската легенда е најавена како стартер за дербито со Форли во Серија Ц. Пријателствот…