Во 17. коло од англиската Премиер лига, фудбалерите на Брентфорд на домашен терен ремизираа 2:2 со Тотенхем.
Антонио Конте најави дека ќе одмори дел од играчите кои настапија на неодамна завршеното Светско првенство, но тоа не се случи бидејќи од првата минута на теренот беа Хари Кејн, Иван Перишиќ, Хеунг Сон, Диер…
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Брентфорд го искористи видно уморниот ривал и поведе во 15. минута кога Виталиј Џенет ја погоди мрежата на Форстер.
Спарс се обидоа да се вратат во игра, се заканија преку Сон, иако и „пчелите“ пропуштија неколку одлични можности, а еден гол им беше поништен поради офсајд.
На почетокот на вториот дел следеше нов шок за гостите, по еден корнер, топката стигна до Иван Тони кој беше на вистинското место за 2:0.
Десет минути надежата за Тотенхем ја врати капитенот Хари Кејн, кој по центаршутот на Ленгле одлично скокна и погоди со глава. Со голот на Хојберг седум минути подоцна Спарс стигнаа и до изедначување.
Видовме уште по некоја шанса до крајот, но резултатот не се промени.