Водачот на навивачката група на Шкупи „Шверцери“, Омер Буњаку бил одреден за одговорен за македонските навивачи на претстојното Европско првенство кое ќе се игра во Букурешт.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Ваквата информација донесе револт кај навивачите во државава кои се благо кажано изненадени од одговорноста да се даде на човек кој е водач на една од групите која неретко правела „антимакедонски“ потези и славела „Голема Албанија“.
Буњаку на јавноста и е познат и од инцидентот во кале каде што беше осуден на условна казна од седум месеци, а во 2014 година беше притворен за демолирање на кафуле во скопската чаршија. Тогаш се пишуваше дека бил револтиран затоа што во кафулето се пуштала песната „Распукала Шар Планина“.