Сабота е денот кога во македонскиот фудбал вообичаено се играат средбите од втората лига.
Од 13:00 часот во ВМФЛ-Запад се играат пет натпревари. Дербито е во Охрид каде што лидерот Силекс гостува на второпласираната Воска Спорт. Воска во овој дуел влегува после важната победа против Вардар со која им избега на црвено-црните на +5 на табелата. Силекс е неприкосновен лидер и се уште не знае за пораз, во 12 кола има 11 победи и едно реми.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Вардар во претходните два кола играше со Силекс и Воска и доживеа порази, па затоа е третопласиран со 20 бода. Денес ќе се сретнат со Велешта на домашен терен и тоа е меч во кој ќе сакаат враќање на добрите резултати.
Во последните три средби ќе играат Кораби – Беса, Гостивар – Кадино и Тетекс – Охрид. На врвот од табелата Силекс има 34 бода, Воска 25, Вардар 20, Тетекс 17…
Фото: ФК Воска