Дома Македонски спорт Мак фудбал ВМФЛ – Запад: Вардар убедлив во „братското“ дерби со Тетекс!

ВМФЛ – Запад: Вардар убедлив во „братското“ дерби со Тетекс!

Тимот на Вардар со убедливи 0:3 ја доби пресметката со Тетекс во 8. коло од Втората лига – Запад.

Натпреварот Вардар го реши во првото полувреме со головите на Филип Петковски, Видан Керим и Дејан Блажевски.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лидерот на табелата Силекс беше подобар од Беса со 1:0, единствениот гол на натпреварот беше дело на Ѓорѓи Танушев на десетина минути пред крајот.

На „Билјанини Извори“ се сретнаа Охрид и Воска, а на крајот победи тимот на Воска со пресврт. Охрид дојде до предност со голот на Клечкаровски, но Воска го сврте резултатот преку Емини и Паноски.

ВМФЛ – ЗАПАД

Силекс – Беса 1-0

Кадино – Велешта 0-1

Охрид – Воска спорт 1-2

Тетекс – Вардар 0-3

Гостивар – Кораби 4-2

Фото: ФК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Миовски пресреќен: Наградите се доказ дека се правам од срце

Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски зад себе има одлична сезона во дресот на Абердин, клубо…