Јувентус вчера претрпе пораз од Лацио во Серија А, а повторно гол не постигна Душан Влаховиќ.
Спрскиот напаѓач го продолжи голгетерскиот пост во дресот на „старата дама“, сега тоа се одрази и на резултатот. По натпреварот Влаховиќ го деактивирал својот Инстаграм профил и веројатно не сака да ги чита критиките, туку да се посвети и да излезе од оваа голгетерска криза.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Шанса да го прекине тој пост Влаховиќ ќе има веќе во четврток кога Јувентус го очекува четвртфиналето во Лигата на шампионите против Спортинг.
Последниот гол за Јувентус Влаховиќ го постигна на 7-ми февруари и нема гол на последните осум натпревари во Серија А.