Душан Влаховиќ е честа тема на италијанските медиуми кои пренесуваат дека неговата иднина во Јувентус е неизвесна.
Договорот на 24-годишниот фудбалер со „бјанконерите“ истекува во 2026 година и преговорите за продолжување се уште не се започнати.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Следното лето може да биде клучно за Влаховиќ бидејќи би влегол во последната година од договорот, па поради тоа Јувентус е спремен да го продаде.
Јувентус мора да го намали трошоците и ќе му понуди подолг договор, но со помала плата, а тоа не му се допаѓа на Влаховиќ кој одбива „компромис“.
Интерес за него покажуваат неколку европски гиганти, пред се Арсенал и Манчестер Јунајтед.