Aлваро Мората на почетокот на јануари беше на мета на Барселона, но тогаш Јувентус одби да го пушти шпаснкиот напаѓач.
Овој 29-годишен напаѓач во Јувентус е на позајмица од Атлетико Мадрид, а Барселона покажа голем интерес да го доведе. Наводно и шпанскиот напаѓач бил и тоа како „загреан“ да ја продолжи кариерата во барселона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ако тогаш Јувентус ја одби понудата сега не е невозможно понудата да биде прифатена од „старата дама“. Јувентус е многу блиску до доведување на Влаховиќ од Фиорентина за 67 милиони евра, а со доаѓањето на српскиот голгетер Мората ќе стане вишок.
„Мундо Депортиво“ објави дека Чави и тоа како е заинтересиран за Мората кој сега е главна мета на Барселона. Агентот на Мората се наоѓа во Торино каде што преговара со челниците на Јувентус.