Дома Македонски спорт Мак фудбал Влатко Костов ја истакна својата кандидатура за претседател на ФФМ

Влатко Костов ја истакна својата кандидатура за претседател на ФФМ

Веднаш по официјализирањето на оставката на првиот човек на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски во јавноста почнаа да кружат разни имиња околу неговиот можен наследник.

Во јавноста и во медиумите се лецитираше со неколку имиња, кои набрзо се покажаа како шпекуалција.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Еден од најсериозните кандидати за местото Претседател на ФФМ ќе биде Влатко Костов, кој за медиумите ја потврди својата кандидатура.

„И до мене стигнаа таквите гласови. Во оваа прилика сакам да кажам дека јас ќе ја истакнам мојата кандидатура за Претседател на ФФМ но тоа ќе биде самостојно. Ги респектирам сите кандидати чии имиња деновиве кружат во фудбалските кулоари бидејќи со многумина од нив имам изминатите години соработувано, но децидно јас со никого немам правено никакви договори и сите оние што ќе пласираат таква вест во јавноста нека се знае дека е обична манипулација. Деновиве на многумина од нив во телефонски разговор им кажав дека истакнувам кандидатура, но со молба да не го користат моето име за наводни некакви претходни договарања“, изјави Влатко Костов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Oхрид има големи планови: Во новата сезона ќе ги води екс-селектор на Македонија!

Никола Илиевски Џиџи ќе биде нов тренер на ГФК Охрид, објави порталот „Охридњуз“. Поранешн…