Спортистите се најголемите амбасадори на една земја, па со оглед на тоа Владата на вчерашната седница донесе одлука да се вклучи во промоцијата и организацијата на историскиот настап на Европското Првенство во 2021.
Владата соопшти дека е формирано Кординантивно тело кое ќе има задача да помага на селекторот Игор Ангеловски за што подобар настап.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Координативното тело има за цел да ја помогне организацијата, комуникацијата и промоцијата на настапот на фудбалската репрезентација на Северна Македонија на ова европско натпреварување“, информираше Владата.
Ќе потсетиме Македонија во групата два натпревари ќе игра во Букурешт, против Австрија и Украина, додека третиот ќе го играме во Амстердам против Холандија.