Дома Фудбал Виљас-Боаш: Марсеј нема пари за Гвардиола, затоа ме има мене

Виљас-Боаш: Марсеј нема пари за Гвардиола, затоа ме има мене

Тренерот на Марсеј, Виљас-Боаш ја заштити дефанзивната тактика со која излезе на мечот против Манчестер Сити синоќа во Лигата на шампиони.

Марсеј беше поразен со 3:0 на домашен терен, па португалскиот стратег беше остро критикуван за начинот на игра.

„Не жалам за тактиката против Сити. Вие ме критикувате за секој мој избор. Но, како да играме против тим како Сити, кој потрошил повеќе од 1 милијарда за засилувања?“

„Имаат тренер кој е феномен. За жал Марсеј нема пари да го донесе Гвардиола, па затоа го има Виљас-Боаш и неговата тактика“, изјави Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од хет-трикот во 1994 до баражот: Ѓуровски предупредува на посилен Кипар

Првиот репрезентативен хет-трик го постигна против Кипар, но Бошко Ѓуровски очекува неизве…