Дома Фудбал Виљареал не штеди: Купи и дефанзивец за 17.5 милиони евра

Виљареал не штеди: Купи и дефанзивец за 17.5 милиони евра

Шпански Виљареал доведе ново засилување во своите редови и ја зацврсти одбраната со Логан Коста.

Станува збор за дефанзивец кој пристигнува од француски Тулуз, а оштетата за него изнесува 17.5 милиони евра. Во младинските категории го носеше дресот на Франција, меѓутоа во 2022 година одлучи да настапува за Зеленортска Репбулика за која собра три настапи.

Пред ангажманот на Коста, Виљареал го доведе и голманот Луис Јуниор кого плати 14 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Одбраната на Скопје на нов тест: Тиквеш ја брка шестата сезонска победа

Скопје по ремито со Силекс гостува во Кавадарци, каде Тиквеш бара нови бодови за задржувањ…