Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Винисиус тврди: Бразил ќе го освои СП 2026!

Винисиус тврди: Бразил ќе го освои СП 2026!

Фудбалерот на Реал Мадрид и бразилски репрезентативец Винисиус Јуниор порача дека неговата репрезентација ќе го освои Светското првенство во 2026 година.

Бразил беше еден од најголемите фаворити за освојување на титулата на Светското првенство во Катар, но беше елиминиран од Хрватска во четвртфиналето.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Плачев на теренот, плачев во соблекувалната, плачев во авион, плачев кога се вратив дома и ќе плачам секогаш кога ќе помислам колку бевме блиску… Најлошиот ден во мојот живот. Винисиус напиша на социјалните мрежи.

“Го напишав и избришав овој текст неколку пати. Зборовите не можат да го опишат разочарувањето, но солзите остануваат. Насмевката ја нема. Ќе ми треба време за повторно да ја најдам среќата. Божјите планови се многу поголеми од нашите. Ќе се вратиме посилни од кога било“, истакнува играчот на Реал.

Тој уште еднаш им се извини на Бразилците.

“Не успеавме во важен момент и сите ве изневеривме. Простете му на Бразил и ви благодарам за љубовта и поддршката. Бевте одлични! Бразил ќе го освои светот во 2026 година, запомнете го ова”, рекол Винисиус.

Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во Канада, Мексико и САД, а за прв пат во историјата на него ќе учествуваат 48 репрезентации

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…